вторник, 27 јануари 2026

Тешко повредени пешаци во три сообраќајки во Скопје, Куманово и Битола

Во три сообраќајни несреќи, тешко повредени се тројца пешаци. Сообраќајните несреќи се случиле изминатото деноноќие на територија на Скопје, Куманово и Битола, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Околу 17:20 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски oдреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А., на возраст од 60 години од главниот град на државава, удрило во пешакот Б.К., 59-годишна скопјанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје.

Околу 19:25 часот било пријавено дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 23 години од овој град, удрило во С.К., 67-годишна сограѓанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната С.К., констатирани во Општа болница – Куманово.

Во 17:48 часот пак, пријавено било дека на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д., 76-годишна битолчанка и го напуштил местото на настанот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 76-годишната С.Д., констатирани во болницата во Битола.

Извршени биле увиди од увидни екипи на секторите за внатрешни работи – Скопје, Куманово, Битола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ