сабота, 24 мај 2025

Тешко повредени патници, тепачки поради недоразбирање во сообраќајот…

Три тешко повредени во три засебни сообраќајни несреќи и две тепачки во два одделни случаи поради недозрабирање во сообраќајот евидентирало МВР во изминатите 24 часа.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладне во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булевар Александар Македонски со улица 16 Македонска бригада и улица Интернационални бригади во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. и мотоцикл хонда со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Б. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Исто така вчера, во СВР Штип е пријавено дека околу 16:15 часот на регионалниот пат Штип – село Шашаварлија, штипско, на влез во селото, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген поло со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.М. и мотоцикл без регистарски ознаки, управувано од 15 – годишник од селото Шашаварлија.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип“, соопшти МВР.

ВО третиор случај, вчера вечер во полициската станица Кичево е пријавено дека на шумски пат во атар на село Лешница, општина Зајас, Р.И. од село Трапчин Дол, кичевско, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата, Р.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево.

Изминатите 24 часа во билтенот на МВР се регистрирани и две физички пресметки поради недоразбирање во сообраќајот.

Вчера утро на улица 18 Ноември во Гостивар, полициски службеници го лишиле од  слобода А.М., постапувајќи по претходна пријава дека околу 10 часот на улица Панче Попоски, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на М.Р. од село Чегране, гостиварско.

„Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Вчера попладне пак, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т. и Ѓ.В., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ