Вчера на крстосницата на улиците „Благоја Стефковски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (24) од село Грчец, скопско, удрило во пешакот Т.Н. (54) од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот Т.Н., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Во село Семениште, Скопско, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М. (31) од Семениште, излетало од коловозот. Во несреќата, З.М. добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Вчера на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (29) од Скопје и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л. (44) од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добил А.С., додека со телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
На магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, на делницата од село Самоилово до Ново Село, патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б. (30) од Струмица, излетало од патот. Во несреќата тешки телесни повреди добила М.Б., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.