недела, 14 декември 2025

Тешко повредени двајца Уругвајци во сообраќајка кај Крива Паланка

Во полициската станица во Крива Паланка вчера било пријавено дека на магистралниот пат кај село Узем, на место викано Мал мост, мотоцикл „бмв“ со албански национални ознаки, управуван од Ф.Л.Т. (58) од Уругвај излетал надвор од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка А.М.Б.А.(58) од Уругвај, констатирани во ЈЗУ „Здравствен дом“- Крива Паланка. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ