вторник, 20 мај 2025

Тешко повредени двајца малолетници на електричен тротинет

Вчера на улицата „Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Е. (20) од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од село Страхојадица, Скопско. Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетманикот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

И на крстосницата од улиците „Илинденска“ и „Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н. (66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ