понеделник, 9 март 2026

Тешко повредена жена во сообраќајка во Куманово, повредени и две лица кај Козјак

Две одвоени несреќи повредени се три лица вчера во Куманово и во скопскиот регион, информира полицијата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 23:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Тоде Думба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната К.П., и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Н. од Куманово. При судирот биле удрени и три паркирани патнички возила.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., додека со телесни повреди се здобила А.Н. Повредите им биле констатирани во Општата болница во Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово“, информира МВР.

Во друг случај, истиот ден во 10:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот кај Козјак, скопско, при пад од четирицикл се повредиле две лица.

Со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., додека со телесни повреди се здобила Е.Ѓ., двајцата од Скопје. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ