сабота, 6 декември 2025

Тешко повредена кавадарчанка, откако ја удрило возило

Жителка на кавадаречкото село Марена се здобила со тешки телесни повреди, откако била удрена од возило, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16:50 часот, во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на улица Шишка во Кавадарци, патничко возило фиат со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Т. од Кавадарци, удрило во пешакот К.Е. од село Марена, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Е., констатирани во Општа болница – Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци“, посочуваат од СВР-Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ