Според пријавеното во СВР Штип, на 10 ноември 2025 година, околу 16:30 часот, на улицата „Партизанска“ патничко возило цитроен со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (64) од Штип, најпрво удрило во жардиниери, а потоа и во паркирано возило волксваген пасат сопственост на А.Ј. (25) од Штип.
Од ударот, возачката Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Штип.






