петок, 16 мај 2025

Тешко повреден вработен во „Нискоградба“ во Битола

55-годишниот Н.С. од Битола, вработен во КЈП „Нискоградба“, се здобил со тешки телесни повреди откако во утринските часови на 16 април паднал од товарно возило на претпријатието, додека се превезувал на него.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од СВР Битола, несреќата се случила околу 08:15 часот на улицата „Крсте Нале“ во Битола. Товарното возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки било управувано од 44-годишниот В.Ј., исто така вработен во „Нискоградба“.

Во моментот кога возилото било во движење, од него паднал Н.С., кој се превезувал на каросеријата. Итно бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

„Извршен е увид на местото на несреќата, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ