„Денеска вo 1:20 часот во СВР – Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива, сопственост на Македонски железници, удрила во пешакот С.Л., на возраст од 55 години. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, се наведува во соопштението на МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР – Скопје.