Во ОВР-Кавадарци било пријавено дека околу 00:50 часот денеска на регионалниот пат село Мрежичко-Кавадарци, 23-годишен жител на кавадаречко село, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Општа болница – Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.






