Во несреќата учествувале патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (45) од Скопје, и мопед, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С. (42) од село Батинци, скопско.
Како резултат на судирот, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.