недела, 6 јули 2025

Тешко повреден малолетник во сообраќајка во Штип

Малолетен мопедист од Штип се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска  во 00.15 часот на крстосницата меѓу улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“ во Штип.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Штип, во несреќата учествувале патничко возило опел астра со штипски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Штип, и мопед априлија управуван од малолетник од Штип.

Повредениот мопедист бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а се работи на целосно расветлување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ