Во несреќата учествувале патничко возило фолксваген голф со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш. (59) од село Шипковица, тетовско, и електричен тротинет управуван од малолетник од Тетово.
Како резултат на судирот, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, а се работи на целосно расчистување на случајот.