понеделник, 15 декември 2025

Тешко повреден малолетен мотоциклист во сообраќајка кај Битола

На 16 јули 2025 година, во 15:24 часот, во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу патот Битола – ГП Меџитлија и локалните патишта за селата Оптичари и Бистрица.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале мотоцикл без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола, и патничко возило опел астра со српски национални ознаки, управувано од 61-годишниот П.Ш. од Србија.

Малолетниот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, кои се констатирани во Клиничката болница во Битола.

На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ