Несреќата се случила на улицата Његошева околу 13:50 часот, кога автомобил удрил во пешакот Х.Г. (74) од Република Албанија. Повредениот со сериозни повреди бил пренесен во тетовската Клиничка болница, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а како што информираат од СВР Тетово, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото на настанот.






