Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Перо Шварц“ и „Миле Кипра“, кога дошло до судир помеѓу патничко возило марка БМВ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М. (25) од село Облавце, општина Старо Нагоричане, и мотоцикл марка Јамаха, исто така со кумановски регистарски таблички, управуван од малолетник од Куманово.
Од здобиените повреди, 17-годишниот мотоциклист бил итно префрлен во Општата болница Куманово, каде биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата извршен бил увид од страна на екипа на СВР Куманово, која работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот.






