четврток, 19 март 2026

Тешки сообраќајки низ државата, повредени пешаци, возачи на тротинети…

Неколку сериозни сообраќајни несреќи се случиле вчера во Прилеп, Скопје и Кичево, при што повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно лице било лишено од слобода поради возење под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

Во Прилеп, рано наутро на крстосницата на улиците „Пере Тошев“ и „Димче Антулески“, дошло до судир помеѓу автомобил мерцедес управуван од 22-годишник и електричен тротинет управуван од 41-годишен прилепчанец. Возачот на тротинетот се здобил со тешки повреди.

Во Скопје, на велосипедска патека кај автобуска постојка на улицата „11 Октомври“, електричен тротинет управуван од женско лице удрил во 59-годишна жена и го напуштил местото на несреќата. Повредената е пренесена во болница со тешки телесни повреди, додека полицијата трага по сторителот.

Уште една несреќа во главниот град се случила на крстосницата на улиците „Пекљане“ и „Антон Кецкаров“, каде автомобил фолксваген голф удрил во мопед. Возачот на мопедот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Ургентниот центар.

На регионалниот пат Кичево–Осломеј, пак, се судриле две патнички возила ауди и пежо. Двајцата возачи биле пренесени во болница, при што кај едниот се констатирани тешки телесни повреди. Алкотестот покажал дека повредениот возач управувал со 1,71 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода, а неговото возило одземено.

Од полицијата информираат дека се извршени увиди на сите локации и се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ