сабота, 3 мај 2025

Тешки повреди добил при пад 14-годишен мотоциклист

Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор кај новите згради „Атлантис“ во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди и по укажаната прва помош однесен е во Општата болница во Велес. 

Портпаролката на Општата болница, Билјана Босилкова во изјава за МИА вели дека на момчето му се констатирани тешки повреди на главата и дека е во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредата е препратено на натамошно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ