Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, мотоциклист со повреди заврши во болница
Вчера околу 20:55 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од булевар „Македонско-косовска бригада“ и улица „Адем Демачи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (30) од с. Морани, скопско, и мопед априлиа со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (32) од Скопје.

Објавено на
часот





