Во несреќата учествувале два мопеди со гевгелиски регистарски ознаки – едниот управуван од 52-годишниот К.Ч. од Гевгелија, а другиот од 16-годишник. По несреќата, малолетникот го напуштил местото, но наскоро бил пронајден, а со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.
К.Ч. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гевгелија.






