среда, 16 април 2025

Тешка сообраќајна несреќа кај село Марена, две лица со тешки повреди

На 11 април 2025 година, околу 14:30 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, на улицата „Маршал Тито“ во село Марена, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила шкода и фиат, двете со кавадаречки регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Велес, возилото шкода било управувано од 43-годишниот Д.С. од Кавадарци, додека со фиатот управувал В.С. (29) од село Ваташа. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле итно префрлени на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Дополнително, сопатникот во возилото фиат, 32-годишниот А.Ѓ. од Ваташа, се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.

За несреќата бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ