Во несреќата се судриле патничко возило киа, управувано од Б.Г. (58) од Скопје, сеат, управувано од М.С. (55) од Скопје, товарно возило фиат, управувано од И.Б. (50) од Скопје и патничко возило пежо, управувано од Б.С. (24) од село Мралино, скопско.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на киа-та, Б.Г., и неговата сопатничка Г.С., двајцата од Скопје. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница Св. Наум Охридски.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.






