Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот О.Ш.(49) од возилото со скопски таблички, додека со полесни повреди се повредени сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23) и А.Р.(30), сите од Скопје.
Повредени се и возачката Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник. Повредите им биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.






