среда, 11 февруари 2026

Тешка сообраќајка во скопски Хиподром – повреден едниот возач, двете возила целосно изгорени (ВИДЕО)

Едно 25-годишно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случила доцна синоќа во која се судриле автомобил и камион. Несреќата се случила на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром. 

Објавено на

часот

Сподели

„На 10.02.2026 во 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, Скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од  Љ.Д.(56) с.Брест, Штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ‘бмв’, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје“, информираа од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ