недела, 14 декември 2025

Тешка сообраќајка во Марино, пратеник на Левица се судрил со млад мотоциклист, кој се бори за живот

Сашко Јанчев од Гевгелија, пратеник на Левица, денеска по полноќ учествувал во сообраќајна незгода во која две лица се повредени, од кои едно е во животна опасност.

Објавено на

часот

Сподели

На крстосницата од улицата 10 во село Марино и сервисната улица се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ управувано Јанчев и мопед „јијинг“ управуван од М.Д од село Идризово. Во сообраќајката тешко повреден бил М.Д., а сопатничката А.Т. од населбата Илинден е полесно повредена. М.Д. веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што се бори за живот.

Јанчев е приведен во полициската станица во Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ