понеделник, 5 мај 2025

Тешка сообраќајка во Бутел, едно лице со тешки телесни повреди

Во раните утрински часови денеска, на 8 април 2025 година, околу 01:00 часот, на улицата Александар Урдаревски во близина на крстосницата со улицата Бутелска во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале мерцедес Ц220 со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот И.К. од Скопје, и опел тигра, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот А.Ј. од селото Горно Оризари, Скопско.

Како последица на судирот, И.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.Ј. поминал со телесни повреди. Двајцата повредени биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани повредите.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините и околностите под кои се случил судирот е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ