Во несреќата учествувале патничко возило алфа со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (28) од Скопје, и патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (41) од село Долно Лисиче.
При несреќата, А.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат соодветни мерки за целосно документирање на случајот.






