понеделник, 8 декември 2025

Tешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, загина 25-годишник

Млад маж на возраст од 25 години вчера загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралата Кичево-Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата информира дека вчера било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С. (26) од селото Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б. (50) од село Грешница, кичевско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“, Е.Б.(25) од село Грешница, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево“, соопшти полицијата од Кичево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ