понеделник, 15 декември 2025

Тешка сообраќајка кај Куманово, загина 70-годишен возач од Руѓинце

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на местото викано „Ливади“, во понеделникот околу пладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 70-годишен возач од село Руѓинце, општина Старо Нагоричане.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од СВР Куманово, несреќата се случила на 28 јули околу 12:20 часот, кога се судриле товарно возило МАН со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот О.П. од Крива Паланка, и патничко возило пежо со кумановски таблички, управувано од Б.С.

Возачот на патничкото возило, Б.С., починал на самото место од здобиените повреди, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а истрагата за причините на несреќата е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ