
Од СВР Битола информираат дека ноќеска, во периодот од 22 до 5 часот утрово, бил а спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
На територијата на СВР Битола санкционирани се 65 возачи, велат од битолската полиција и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта






