недела, 28 декември 2025

Теарчанец пронајден повреден со остар предмет во домот, пренесен на клиника во Скопје

На 27 декември во 19:30 часот, од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив е донесено едно лице со повреди од остар предмет и во неговата јакна е пронајден нож.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш е постапено по пријавата и е констатирано дека се работи за Е.Б.(48) од с.Теарце, кој поради сериозноста на повредите бил префрлен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје. Според пријавеното, неговиот брат го пронашол во нивниот дом повреден на подот на кујната. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ