четврток, 17 април 2025

Татко се расправал со полицајците откако му го сопреле малолетниот син кој возел автомобил

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи запреле  малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно се однесувал кон нив.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата ,синоќа  во 22:10 часот, при сообраќајна контрола извршена на улицата „Јусуф Грвала“ ( поранешна Вељко Влаховиќ) во  Дебар,  полициски службеници сопреле патничко возило поло со дебарски регистарски ознаки и притоа констатирале дека возилото го управувал малолетник од Дебар.

„По кратко време, на местото пристигнал неговиот родител кој го нарушил јавниот ред и мир со закани и агресивно однесување кон полициските службеници“, потврдуваат од полицијата.

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ