понеделник, 8 декември 2025

Татко пријавил дека кавадарчанец ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка

Синоќа, полициски службеници десетина минути по полноќ во 00:10 часот го уапсиле 42 годишниот кавадарчанец  С.Р., постапувајќи по претходна пријава од 43-годишен татко од Кавадарци, дека во близина на угостителски објект во градот, на неговата малолетна ќерка, С.Р. најпрво не ѝ дозволувал да замине и ја повлекол кон себе, а откако се оттргнала ѝ се заканувал, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

С.Р. бил задржан во полициска станица. Како што појаснуваат од СВР – Велес, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ