четврток, 9 април 2026

Татко и син во Неготино се степале со остри и дрвени предмети – двајцата се приведени

Полициски службеници од ОВР – Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава.

Објавено на

часот

Сподели

Во дворот од домот, 28-годишникот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница – Кавадарци. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино.

„По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, додадоа од СВР – Велес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ