понеделник, 2 јуни 2025

Татко и неговиот малолетен син нападнале полицаец оти ги запрел додека возело детето

Вчера во 19 часот во село Пирок, тетовско, полициски службеници од полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода И.С. и неговиот 15-годишен син затоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

Поточно, како што известува СВР Тетово, полиискиот службеник претходно го затекнал малолетникот како управува патничко возило сеат ибица со тетовски регистарски таблички и го исклучил од сообраќај.

„Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ