„Во СВР Скопје, вчера 23:15 часот Ѓ.П. од Скопје пријавил дека во 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси компанија, по претходна расправија, бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели“, информираат од МВР.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






