недела, 14 декември 2025

СВР Тетово го расчисти случајот со напад врз двајца малолетници, напаѓачите се лишени од слобода

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот во кој во текот на вчерашниот ден (03.09.2025) во Тетово беа физички нападнати двајца малолетници.

Објавено на

часот

Сподели

На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, a на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица ,,Илинденска” го лишија од слобода i Д.Д.(23) од с.Радиовце. Исто така, извршен е службен разговор со 16 малолетници. Тие се сомничат дека околу 18:00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во група, физички нападнале 17-годишник и 15-годишник, двајцата од с.Доброште, општина Теарце, кои излегувале од средно училиште.

Имено, според пријавеното од нивните родители Ќ.Е.(50) и Х.И.(43) од село Доброште, нивните синови биле со уште еден малолетник, кој успеал да избега, а членовите на групата биле навивачи на тетовски фудбалски клуб. По нападот, двајцата малолетници биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот, во содејство со јавен обвинител, против напаѓаачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ