Според информации од полицијата, на 14 октомври 2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле контрола на едно лице, при што било пронајдено и одземено количество кокаин. Лицето го набавило од првиот пријавен, а продажбата претходно била договорена со второпријавениот.
Полицијата продолжува со истрагата и презема мерки за целосно расчистување на случајот.






