Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 1.09.2025 во полициска станица го пријавил таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела насилство и неовластено снимање.






