недела, 6 април 2025

СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта

Полицијата синоќа во 23:20 часот го лишиле од слобода А.М. од Куманово. При контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило рено под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, против него ќе биде поднесена кривична пријава безобѕирно управување со моторно возило.

Во друг случај, пак, ноќеска во 00:20  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. од Крива Паланка. Тој на 1 април 2025 во 22:10 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир со товарно моторно возило волво со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.

М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ