Вчера во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(38) од липковско село, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга.
Истиот ден во 3:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода К.К.(20) од Берово затоа што физички ја нападнал неговата девојка.
Двајцата биле приведени во полициските станици и по целосното документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.






