среда, 21 мај 2025

СВР Куманово одзело две возила користени во „диви трки“

Одземени биле возила користени во „диви трки“ во Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Во Секторот за внатрешни работи-Куманово вчера и завчера било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат „диви трки“ со патнички моторни возила што предизвикуваат голема бучава.

„Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за сторен прекршок, одземени биле патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.В., 20-годишно лице од прилепското село Долнени и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р., на возраст од 21 година од Тетово“, се наведува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ