Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од екипа од СВР Велес.
Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, двајцата повредени, мажот со тешки повреди на градите и жената на стомакот кои во велешката болница биле донесени околу полноќ, по лекарските прегледи и по направените снимања со возило на велешката болница биле однесени на понатамошно лекување во скопските клиники.






