„Синоќа на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, пред влез во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода О.Р.(20) од скопското село Студеничани,поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти. Имено, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано Острово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило марка волво со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото.
Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.
Фото: Илустрација






