четврток, 15 мај 2025

Стружанец затаил данок, го оштетил буџетот за 91.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга, поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување, со што го оштетил буџетот на Република Македонија по основ на ДДВ во износ од 5.632.920 денари.

Објавено на

часот

Сподели

„Првопријавениот Ш. У. во својство на сопственик и управител на правниот субјект – Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕРЛА увоз-извоз ДООЕЛ село Лабуништа, Струга во периодот од 7 октомври 2010 до 10 февруари 2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект, во текот на 2021 година употребил влезни фактури со невистинита содржина за наводно извршена набавка на стоки и услуги“, појаснуваат од МВР.

Фиктивната набавка се однесувала на дробен камен со транспорт, киперски гуми екстра товар, багер марка „хитачи“ (HITACHI), хидро оил ХД 46, моторно масло 15/40, диференцијал за багер “волво“ ЕЦБ35, црева за хидроулика за багер “волво“ ЕЦБ35, филтер за воздух, филтер за нафта, филтер за уље, мотор за багер со приклучни елементи, корпа за багер со заби, кардан за „кипер мерцедес“ и еуро дизел-БС во вкупен износ од 36.926.920 денари, со вклучен ДДВ во вкупен износ од износ од 5.632.920 денари, издадени и ставени на располагање од страна на второпријавениот А.Т. во својство на управител на правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги РЕЛАКС САС ДООЕЛ Неготино во периодот од 29.04.2020 година до денес.

Првопријавениот Ш. У. во сметководстваната евиденција ги евидентирал влезните фактури и креирал побарување за ДДВ кое го употребил за пребивање односно намалување на обврските за ДДВ со што нанел штета на буџетот на Република Македонија по основ на ДДВ по пресметковна стапка од 15,2542 % во износ од 5.632.920 денари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ