Според информацијата, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 8 часот и 45 минути го лишиле од слобода М.Т.(58) од селото Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане.
„При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место каде со знак брзината е ограничена на 80 киломентри на час“, пишува во соопштението.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило.






