сабота, 17 мај 2025

Стружанец приведен со 2,28 промили алкохол во крвта, кога со мотоцикл излетал од патот

Полициски службеници од ОВР Струга, на 09.05.2025 во 06.35 ч., на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ