Струмичките пожарникари на својата фејсбук страница објавија дека спасувањето било на исклучително тежок и непристапен терен, дека интервенирале шест пожарникари спасители со две теренски противпожарни возила.
„Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, информираа ТППЕ Струмица и додадоа дека за време на спасувањето присутни биле и екипи на МВР Струмица.
Струмичките пожарникари извлекле женско лице од провалија под Цареви Кули
Пожарникари-спасители на ТППЕ Струмица во раните утрински часови интервенирале на извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице.

Објавено на
часот





