среда, 25 март 2026

Старица излажана за 50.000 денари, ѝ кажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајна несреќа

Вчера во 18 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена пријавила дека била измамена за сума од 50.000 денари, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ